УХМР предупредува: Следуваат три жешки денови, а потоа силно невреме

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Прилеп, Тополчани, Д. Капија, Маврово, 2 Пожаране, Штип, 3 Крушево, 4 Тетово, Кр. Паланка, 5 Струмица, 6 Охрид, 7 Претор, 8 Берово, Битола, 10 Дојран, 29 Гевгелија.
Времето денес (30.08 2017 год.): Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 23 до 30 степени. УВ= 7
Во Скопје температура до 30 °C.

Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината.
Промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот од следната недела.

Ново на Сител
-

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
