-->
-->
УХМР предупредува - Невремето допрва доаѓа
-->

Управата за хидрометеоролошки работи информира за висината на снежната покривка во Македонија измерена во 20 часот. Согласно податоците, во Маврово има 60 сантиметри снег, 36 Пожаране, 25 Ѓуриште, 21 Берово, 15 Крива Паланка, 14 Струмица, 11 Битола, 10 Тополчани, 6 Претор, 5 Виница, 4 Прилеп, 2 Демир Капија, 1 Штип.
Температури над нулата се измерени во Охрид (3) и Гевгелија (2), а 1 степен во Демир Капија и Виница. Нула степени е во Битола, Струмица, Прилеп, Тетово, Скопје, Претор и Штип.
Минусни температури се регистрирани во Крива Паланка, Берово, Тополчани (-1), Пожаране, Ѓуриште (-2)и Маврово (-5).
До крајот на денот нè очекува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови, а во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Утре времето ќе биде облачно со повремени снежни врнежи, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 5 степени.
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во во крајните југоисточен делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови. Најмногу врнежи се очекуваат во среда и четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри нов снег.
Стабилно и суво време се очекува од петок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес
-
Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори
-
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
-
Приведено лице од Битола за изнуда
-
Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
-
Велосипедист застрелал 18-годишно момче во Чаир
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија