УХМР: Облачно со дожд попладне, вечер и утре
– Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне најпрвин во западните делови со врнежи од дожд, кои до вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. Локално во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а попладне и кон крајот на денот повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје денеска во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд (за 12 часа се очекува да наврнат околу 15 л/м2).
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на места со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Попладне во делови од скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР и препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар