УХМР: Најмногу дожд вчера наврна во Дојран, поладне нестаблино со можен пороен дожд

Најмногу дожд, шест литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Дојран, а по еден литар на квадратен метар наврна во Демир Капија, Маврово и Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од УХМР прецизираат дека времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Максималната температураќе биде во интервал од 25 до 32 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Tемпературата ќе достигне до 30 степени Целзиусови.
Од УХМР најавуваат дека и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата на воздухот ќе опадне за 5 до 7 степени. Во сабота ќе има стабилизирање на времето, а во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ново на Сител
-

Утре започнува предвремениот откуп на тутун, ќе се откупува од 10 откупувачи на 337 ваги низ Македонија
-

Брендот “Бекутан” на “Алкалоид” организираше конференција за родителство на светскиот ден на предвремено родените деца
-

Извештајот на ЕК пред собраниските комисии
-

Мицкоски: Јавноста ќе дознае многу детали – почнува судењето за „Пулс“
-

ДУИ: На конгрес промени во раководството
-

Ден на Уставот
-

Ревитализација на шумскиот фонд поради пожарите
-

Ден на предвремено родени бебиња
