УХМР најавува снег и пад на температурите
Врнежи од дожд, а снег на планините се очекува за време на викендот, а од понеделник пад на температурите, најавува УХМР.
Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови (локално околу 25л/м2). Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои места повисоки од 600 м.н.в., при што ќе се формира и снежна покривка.
Локален слаб снег, особено во западните делови ќе има и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.
Минималните температури ќе се движат во недела од еден до осум степени, во понеделник од минус пет до три, во вторник од минус девет до минус два, во среда од минус осум до минус два и во четврток од минус девет до минус три степени.
Максималната температури ќе се движат во недела од три до 10 степени, во понеделник од минус еден до пет, во вторник од минус два до четири, во среда од минус два до пет и во четврток од минус еден од шест степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања
-
Мицкоски не очекува големи потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Инвестициите и општинските капитални проекти ќе го зголемат економскиот раст
-
Истражување: Битола најотворена општина, Сопиште најзатворена
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ