УХМР најавува нови врнежи вечерва, еве каде ќе заврне
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 33 Гевгелија, 31 Д. Капија, Струмица, 27 Штип, 26 Берово, 25 Виница, Прилеп, Битола, 24 Крива Паланка, Тополчани, 23 Скопје Петровец, 22 Скопје, Тетово, Претор, 21 Ѓуриште, Охрид, 20 Пожаране, 15 Маврово, 14 Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 8 Лазарополе, 5 Маврово, 3 Пожаране, 2 Тетово, 1 Претор, Ѓуриште, Крива Паланка, Охрид и помалку од 1 литар на квадратен метар во Скопје Петровец, Прилеп, Тополчани и Штип.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд најпрвин во западните а во средината на денот и попладне во северозападните и северните делови од земјата. Дуваше слаб до умерен претежно југозападен ветер, а попладнево ветерот краткотрајно засилуваше на запад и во повисоките делови од Скпската котлина.
ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА: Променливо облачно и свежо со повремен локален дожд, најчеесто во северозападните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и значително посвежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. УВ=5. Минималната температура од 5 до 13, а максималната од 16 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно и свежо со услови за појава на краткотраен дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено може да засили. Температурата од 11 до 23 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре дневната температура утре ќе биде пониска за околу 8 степени. Повремено засилен ветер ќе дува уште во петок, но тогаш ќе започне период на повремено значително облачно време, но претежно стабилно и до викендот наутро ќе е свежо. Дневните температури благо ќе се покачуваат.
Ново на Сител
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец
-
Советот за безбедност во полн состав, Сиљановска ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови
-
Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, побарано дополнително објаснување
-
Во Велес и велешко за една година евидентирани 73 жртви на семејно насилство
-
Автопат кај Виена целосно под вода