УХМР најавува крај на топлото време и пад на температурата

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 29 Крива Паланка, 35 Гевгелија, 34 Д. Капија, 33 Штип, 32 Струмица, 31 Тетово, Скопје, Прилеп, 30 Виница, Тополчани, 29 Берово, Претор, Ѓуриште, 27 Охрид, 26 Пожаране, 21 Маврово, 20 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен на моменти засилен југозпаден ветер, повеќе ќе биде изразен во западните делови на земјава. УВ=6
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Малку до умерено облачно и со умерен на моменти засилен југозпаден ветер, повеќе ќе биде изразен во западните делови на земјава. Преку ноќта облачноста ќе се зголеми, особено во северозападниот дел од земјава, каде ќе има и локален краткотраен дожд со ретки грмежи.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ=5 Минималната температура од 7 до 15, а максималната од 22 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Температура од 10 до 28.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.
Ново на Сител
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
