УХМР: Доаѓа нов студен и влажен бран со дожд и снег

Моментална состојба: Претежно ведро, на места со мала облачност и студено. По одделни котлини има појава на слаба магла.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ -5 Скопје Петровец, Битола, Берово, -4 Д. Капија, Куманово, -3 Скопје Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Струмица, -2 Кр. Паланка, Гевгелија, Претор, -1 Охрид, Лазарополе, 0 Маврово, Тополчани, Виница, 1 Дојран, Пожаране, 3 Крушево.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС Сончево со мала до умерена облачност и релативно топло, особено на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, во претпладневните часови ќе се задржи слаба магла. Температурата ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје до 8 степени.
ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно, рано изутрина и во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда ќе биде стабилно, суво и постудено со северен ветер, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд и снег ќе има во четврток.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
