УХМР: Декември постуден од вообичаено

Средната месечна температура во декември 2016 година е за околу два степена пониска од просечните вредности според мерењата и податоците од Главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за период од 1951 година до декември 2016 година.
Според податоците на УХМР, најниска средна месечна температура на воздухот во декември од -2,1˚С има Берово, а највисока Гевгелија 5,2˚С. Во Маврово средната температура била -1,9˚С, во Крива Паланка -0,1˚С, во Битола 0,2˚С, во Прилеп 0,7˚С, во Штип и Демир Капија 0,9˚С, во Скопје 1,1˚С , во Струмица 1,2˚С и во Охрид 1,6˚С.
Средната месечна, пак, максимална температура е повисока од просечната за околу еден степен, но средната минимална температура е пониска за три до четири степени од просечните многугодишни вредности.
Најниската (апсолутна) температура во минатиот месец од -16,5˚С е регистрирана на 1 декември во Берово по што следат Маврово со -12,4˚С, Крива паланка -10,9˚С, Прилеп -10,0˚С, Демир Капија -9,8˚С, Штип -9,5˚С, Струмица -9,1˚С, Битола -9,0˚С, Скопје -8,3˚С, Охрид -7,3˚С и Гевгелија со -7,2˚С. Апсолутните температури на сите мерни места не ги надминуваат екстремните многугодишни вредности.
Во декември во најголем дел од земјава било суво, а незначителни врнежи се регистрирани во Маврово каде наврнале 18 мм дожд, Охрид со 11 мм, Битола со 10 мм, Берово со 4 мм, Крива Паланка и Прилеп 3 мм. Измерените месечни количини на врнежи се многу под просечните за овој месец. Во декември не беше забележана појава на снег што не е вообичаено за овој месец.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
