Бизнис
14. јуни 2021 - 16:50

Угостителите бараат свадби и во затворен простор

Организаторите на прослави бараат надлежните да дозволат свадби и во затворените објекти. Иако генерално се задоволни од предлогот на Комисијата, од среда на сите прослави да може да присуствуваат повеќе од 100 гости, очекуваат и рестораните без летни тераси да почнат со работа.

Комисијата предлага да се дозволи и организрање на настани, концерти  и забави во отворените локали со не повеќе од 1.000 лица. Сопствениците на дискотеките тврдат дека ќе бидат запазени сите мерки и нема да ризикуваат повторно да бидат затворени.

Инаку сопствениците на рестораните велат дека интересот за свадби  е голем. Цените годинава ќе останат исти, но можно благо  зголемување од следната година.

Во моментов според протоколот за свадби  во капацитетите треба да се присутни максимум 100 гости, на една маса можат да седат 6 лица, тие се поставени нa дистанца музичарите се исто така одалечени од масите. физички конткат е забранет, а на највисоко ниво се подигнати хигиенско санитарните мерки.