Бизнис
25. January 2021 - 20:17

Угостителите бараат повисока помош и подолго работно време

Ќе работат ли кафеаните и кафулињата и по 21 часот од следната недела? В петок угостителите ќе имаат средба со вицепремиерот Битиќи, на која ќе се разговара за укинување на ограничувањето на работното време за субвенции за плати и за носење на нови протколи со кои ќе може да работат сите објекти.

Се надеваат дека државата ќе има слух за нивните барања, во спротивно загубите ќе им се дуплираат.

Според информациите на Сител, Комисијата за заразни болести  досега не разговарала за продолжување на работното време. Ќе чекаат да заврши средбата во петок и да го чујат предлогот, па потоа ќе се  произнесат.

Од  21 јануари работното време на угостителите е продолжено до 21 часот. Според пресметките на угостителите, поради  рестрикции нивните загуби лани надминале 20 милиони евра.