Угледни републиканци бараат да запре помошта за кампањата на Трамп

Повеќе од 70 угледни американски републиканци потпишаа писмо упатено до Националниот комитет на Републиканската партија, со кое бараат да се запре финансирањето и помагањето на изборната кампања на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Во писмото тие тврдат дека Трамп е некомпетентен и дека со своите постапки, однесување и политиката што ја промовира, шири раздор, па дека затоа претставува ризик за целосно да „пропаѓање„ на партијата на претстојните избори.
Потписниците на писмото сугерираат партијата сега да се фокусира на помагање на републиканските кандидати за ноемвриските избори за членови на Конгресот и Сенатот.
Ова е првпат, номиниран кандидат на една од двете главни американски партии, да биде изложен на толку голем отпор, неприфаќање и критикување од припадници на неговата партија, на стотина денови пред изборите.
Низа угледни републикански политичари и партиски приврзеници, како и богати донатори, соопштија дека нема да гласаат за Трамп на изборите, а други отворено најавија дека во ноември ќе ја поддржат демократската кандидатка Хилари Клинтон, несогласувајќи се со неговите постапки, однесувањете, реториката и заложбите што ги промовира за внатрешната и надворешната политика на САД.
Некои американаки медиуми тврдат дека меѓу републиканците има размислување да се изврши притисок врз Трамп да се повлече од трката и да се избере друг кандидат, но, според аналиитчарите, малку е веројатно дека ќе се случи нешто вакво.
Трамп во свој стил го отфрли писмото во кое се бара да се запре помагањето на неговата кампаеа, порачувајќи дека таквото барање воопшто не го загрижува.
- Она што морам да го направам е да престанам да ја помагам и финансирам Републиканската партија, напиша Трамп на Твитер.
Ново на Сител
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
