Македонија
7. August 2024 - 9:41

Угина слоницата во ЗОО, имало обид за тајно да се однесе во Дрисла | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

„Скопје1“ пренесува дека угина слоницата во скопската Зоолошка градина. Според информации на порталот од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. 

На снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации слоницата е однесена на депонијата Дрисла.