Угина најстарaта панда во светот
Најстарата панда во светот, 37-годишната Баси, угина, соопштија нејзините старатели во кинеската југоисточна покраина Фузхоу.
Баси го достигна екививалентот на возраста од сто човечки години.
Кинеската државна телевизија вчера во живо ја пренесуваше комеморацијата за Баси.
- Со тажно срце објавуваме дека големата панда и ѕвезда Баси угина во осум часот и 50 минути на возраст од 37 години. Беше ангел на пријателството во земјата и во странство, изјави претставник на истражувачкиот центар за панди во Фузхоу, каде Беси претстојуваше повеќе од 30 години.
Големите панди во Кина се сметаат за национален симбол и се предмет на строга заштита веќе неколку десетлетија. Поради сето тоа, тие денес не се загрозен вид.
Баси го доби своето име според долината во која е најдена.
Пандата беше инспирација за маскотата на првите азиски игри во 1990 година.
Ново на Сител
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење