Угина Боби - најстарото куче на светот
Боби, Гинисовиот рекордер како најстарото куче на светот, угина во саботата на 31 година и 165 дена. Веста за неговата смрт ја објави ветеринарот кој го лекуваше.
„И покрај тоа што го надживеа секое куче во историјата, неговите 11.478 денови на Земјата никогаш не би биле доволно за оние кои го сакаат“, напиша д-р Карен Бекер на својот интернет-простор.
Во февруари годинава Боби стана официјално најстарото живо куче на светот и најдолговечното досега. Возраста на Боби беше потврдена од базата на податоци за домашни миленици на португалската Влада, со која раководи Националниот сојуз на ветеринари. Го собори речиси сто години стариот забележан рекорд. Претходното најстаро куче било австралискиот пес Блуи, кој угинал 1939 година, на возраст од 29 години и пет месеци.
Сè уште не е откриен наследникот на Боби како најстаро живо куче на светот.
Боби живеел цел живот со семејството Коста на западниот брег на Португалија. Леонел Коста вели дека кога имал осум години го добиле Боби заедно со уште неколку кученца, морале да се откажат од нив, но сепак, Боби се вратил дома. Според сопственикот, кучето Боби уживало релативно мирен живот, а тајната на неговата долговечност е „мирната средина“ каде живее.
Ново на Сител
-
Јапонија: Осум мацутаке печурки продадени за 5.000 евра
-
Калас ја повика ЕУ „да биде покреативна“ во борбата против заобиколувањето на санкциите против Русија
-
Руската вакцина против рак наскоро ќе биде во Србија, експертите од „Торлак“ одат во Москва, најави српски министер
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на сопствениот брат
-
Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг
-
Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три
-
ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето
-
Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ