УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично ја казни Шкендија во износ од 20.000 евра поради истакнување транспаренти што се спротивни на спортскиот дух, за време на минатонеделниот натпревар во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Конференциската лига.
Тетовскиот клуб соопшти вечерва дека официјално го примил решението од Дисциплинското, етичкото и контролното тело на УЕФА, во врска со истакнувањето транспаренти кои, според проценките на европската куќа на фудбалот, не биле во согласност со спортскиот дух.
На Шкендија ѝ е изречена парична казна во висина од 20.000 евра, а воедно се наложува и делумно затворање на стадионот за следниот натпревар од европските купови на кој Шкендија ќе биде домаќин.
Санкцијата околу делумното затворање на стадионот е условна и ќе стапи на сила доколку на домашните натпревари на Шкендија во следните две години се повторат слични прекршувања на регулативите и етичките норми на УЕФА.
МИА
Ново на Сител
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
-

Кривична против неготинец поради сомнеж за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
