УЕФА објави: Мечот меѓу Данска и Финска ќе се доигра вечерва
Откако натпреварот меѓу Данска и Финска беше прекинат по страшните сцени и падот на Кристијан Ериксен, на состанокот меѓу претставниците на двете селекции, официјалните лица и претставници од УЕФА беше договорено продолжување на мечот.
Рестартот е закажан за 20:30 часот и ќе продолжи со неколкуте минути пред полувремето. Фудбалерите на двете селекции прво побараа гаранција дека Ериксен е добар и стабилен, информација што пристигна од повеќе извори, а дури потоа прифатија пак да истрчаат на теренот.
„По барање на фудбалерите на двете селекци, УЕФА се сложи мечот меѓу Данска и Финска да продолжи во 20:30. Ќе се одиграат последните четири минути од првото полувреме, по што ќе има пет минути пауза, па ќе продолжи второто полувреме“, стои во соопштението на УЕФА.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
