-->
-->
УЕФА номинираше по три претенденти во двете конкуренции за најдобар играч во минатата сезона
-->
Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави имињата на тројцата номинирани за најдобар играч во машка и женска конкуренција за сезоната 2016/17.
Признанија ќе бидат доделени на свечена церемонијата на 24 август во Монако за кога е закажана ждрепката за групите од Лигата на Шампионите за новата сезона.
Во однос на мажите во потесниот избор влегоа Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид). Гласањето беше од страна на жири составено од 80 тренери од клубовите кои учествувале во фазата по групи од 2016/17 Лигата на Шампионите и Лига Европа, заедно со 55 новинари избрани од страна на Европската Спорт Медиумска група (ЕСМ), која ги претставува сите членки на УЕФА. Конечниот резултат се базираше на вкупниот број на гласови на тренерите и на новинарите. На тренерите не им било дозволено да гласаат за играчи од свој тим.
За доделување на жените, во потесниот избор на тројца играчи беше избран од страна на жири комисија, составена од 16 тренери на екипи кои учествуваа на ЕУРО 2017 во Холандија, заедно со осум тренери на клубовите кои учествувале во четврт-финалето на Лига на шампиони 2016/17 и 20 новинари специјализирани за женски фудбал и избрани од групата ЕСМ. На тренерите не им беше дозволено да гласаат за играчи од свој тим.
Трите фудбалерки кои добија најмногу гласови се: Пернил Потешко (Волфсбург и Линкопингс), Џенифер Марошан (Олимпик Лион) и Леке Мартенс (Розенград и Барселона).
УЕФА ќе додели и четири награди за: најдобар голман, одбранбен играч, фудбалер од од средниот ред и напаѓач.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40
-
Маж од гостиварско возел со 1,62 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка