Фудбал
23. July 2015 - 18:36

УЕФА ја казни Хрватска за "кукастиот крст" на Пољуд

Репрезентацијата на Хрватска остана без еден бод во квалификациите за Европскоот првенство, а наредните два меча на домашен терен ќе игра без публика, одлучи УЕФА.

 
Оваа одлука УЕФА ја донесе поради инцидентите на мечот против Италија и изгравираниот кукаст крст на тревникот на стадионот „Пољуд“.
 
До крајот на квалификацискиот циклус „коцкестите“ ги очекуваат уште четири меча - против Бугарија и Азербејџан, на домашен терен и Норвешка, односно Малта, на гостински терен.
 
Со одземениот бод, Хрватска ќе има 13 бода наместо 14, но и покрај тоа ќе остане лидер во групата, пред Италија и Норвешка кои имаат 12, односно 10 бода.
 
Покрај овие казни, Хрватска е казнета и парично со 100 000 евра.