УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
Четворица играчи на Реал Мадрид, вклучително и Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, се под истрага за наводно „непристојно однесување“ за време на натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, соопшти Европската фудбалска федерација (УЕФА).
УЕФА објави дека назначила дисциплински инспектор да ги истражи наводите од осминафиналето меѓу двата тима на 12 март. Во случајот се вклучени и Антонио Рудигер и Дани Себаљос.
Секоја изречена забрана ќе резултира со отсуство на кој било од четворицата играчи од претстојниот дуел на Реал Мадрид против Арсенал на 8 април во првиот натпревар од четвртфиналето. Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето по пенали, откако Атлетико победи со 1-0 во регуларното време во реваншот од осминафиналето и го изедначи вкупниот резултат на 2-2.
Рудигер беше прецизен во одлучувачкиот пенал и ги предводеше соиграчите во претерана прослава на стадионот на Атлетико Мадрид.
Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Антонио Рудигер и Дани Себаљос ја прославија победата пред трибините со домашни навивачи. Атлетико ваквото однесување го сфати како провокација и поднесе жалба до УЕФА.
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија