-->
-->
УЕФА го казни Хајдук за расистичко навивање
-->
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече казна на сплистски Хајдук за расистичко навивање.
Хрватскиот тим кој се пласира во третото коло од Лига Европа дуелот против данскиот Борндби ќе ги играат без присуство на публика, односно без поддршка од своите навивачи, популарната група „Торцида“. Воедно сплиќани ќе треба да плата и парична казна од 55.000 евра.
Причината поради која Хајдук е казнет е расистичкото навивање на „торцида“ за време на дуелот со бугарската екипа Левски Софија.
Од страна на Хјадук веднаш најавија и жалба, а како свој адут го најавуваат извештајот на делегатот на натпреварот, во кој беа пофалени за организацијата. Реванш натпреварот против Брондби во Сплит е закажан за 3 август.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, УЕФА одлуката ја донела по пријава на организацијата ФАРЕ која се бори против расизам во фудбалот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика