Македонија
20. August 2022 - 12:43

Удрил две 88-годишни баби со камион

Вчера во 19.00 часот било пријавено дека на ул.“Томе Арсовски“ во Скопје товарно моторно возило “фиат добло карго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.С.(48) од Скопје удрило во Н.М.(88) и Р.П.(88), двете од Скопје.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Н.М. и Р.П. констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “8-ми Септември“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.