-->
-->
Учителка избодела до смрт осумгодишно девојче во Јужна Кореја
-->

Учителка од Јужна Кореја избоде осумгодишно девојче во основно училиште. Полицијата соопшти дека 40-годишната наставничка признала дека избодела ученичка во централниот град Даеџон, јави Би-Би-Си.
Девојчето вчера околу шест часот попладне било пронајдено со убодни рани во училиште, а починало во болница. До неа била наставничката, со рани за кои се претпоставува дека се самонанесени.
Медиумите објавија дека наставничката побарала шестмесечно отсуство поради депресија на почетокот на декември, но се вратила на работа само 20 дена подоцна, откако лекар ја оценил како способна за работа.
Исто така, беше објавено дека неколку дена пред убиството, наставничката покажувала насилно однесување, кога нападнала колега.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
