Училиштето во Седларци ќе се реконструира со европски пари
Градончалниците на општините Василево и Струмијани од Република Бугарија, Ванчо Стојанов и Емил Илиев денеска во Бугарија потпишаа договорот за имплементација на проектот „Заштита на животната средина во прекуграничниот регион Василево - Струмјани за подобрување на енергетската ефикасност“ во рамки на Програмата за прекугранична соработка INTERREG- IPA CBC Бугарија- Македонија 2014-2020.
Во рамки на проектот во општина Василево ќе се реконструира подрачното училиште во село Седларци.
- Со замена на прозорците и вратите со нови, со промена на кровот, со поставување термичка фасада, фотоволтаични панели, централно топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода, училиштето во Седларци ќе прерасне во енергетско ефикасен објект кој користејќи обновливи извори на енергија ќе ја штити животната средина, вели градоначалникот Стојанов.
Во општина Струмјани, проектните активности ќе се случуваат во најголемото населено место во таа општина – селото Микрево каде ќе биде поставено енергетски ефикасно улично осветлување.
Вкупниот буџет за имплементација на овој партнерски проект, чија цел е заштита на животната средина и одржлива употреба на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион, изнесува околу 240 000 евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно