Македонија
13. October 2015 - 17:01

Училиштето „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари почна со настава

Започна наставата во средното училиште во Шуто Оризари. Од денеска часови се држат за 64 ученици  во прва и втора година. За почеток тука ќе се учат економска , фризерска и градежна струка. Триесетина дена од официјалното отворање на училиштето, завршени се сите административни работи,  преземени се учениците кои учеа во другите училишта низ градот и за нив се  обезбедени  учебници.Заменик министерот за образование вели отворање на ова училиште е значајна политичка но и образовна одлука.

-Минатите денови бевме сведоци на голем број зли јазици кои не веруваа дека ова училиште ќе почне со работа. Има обезбедено наставен и администартивен кадар..

Учениците задоволни што имаат средно училиште поблиску до својот дом, велат намалени им се трошоците но и за кратко време се на часови.

-Анкета-Од „Димитар Влахов“ се префрлив во училиштето „Шаип Јусуф“ за да го продолжам образованието и чекаме уште ученици да дојдат и да ни се придружат. Сега ни е пдообро бидејќи ни е поблиску тука живееме и подобро ќе ни биде, вели ученичка од средното училиште во Шуто Оризари.

-Учев во „Здравко Цветковски“ – ГУЦ, тука ни е подобро зошто немаме толку големи трошоци, поблиску ни е. Првиот училишен ден во Шутка е многу убав, прекрасно е на училишт, вели ученик од  училиштето „Шаип Јусуф“.

За нареднта година во средното Шаип Јусуф предвидено е да се отворат здраствена и угостителска струка, насокои за кои учечниците роми имаат најголем интерес да ги изучуваат.