Училишта забрануваат присуство на онлајн настава за деца кои не се позитивни или во изолација, МОН тврди дека нема промени
Додека некои родители добиле известување од наставниците од некои основни и средни училишта дека нивното дете не може да посетува онлајн настава ако е болно од грип или има други здравствени проблеми,а не е ковид, од министерството за образование и наука велат дека нема промени на условите за учење од дома. Од министерството тврдат дека без разлика дали станува збор за медицински или немедицински причини, децата имаат избор да учат онлајн.
Оваа учебна година за сите ученици од основните и средните училишта, со одлука на Владата, а по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести. Учебната 2021-2022 година се организира согласно Планот за организација и протоколите за постапување на училиштата за време на настава со физичко присуство кои се изработени од страна на МОН во координација со Комисијата за заштита од заразни болести и истите се доставени до училиштата на почетокот на месец јули, велат од МОН.
Освен што нема промени во планот и протоколите, од МОН велат и дека во моментов околу 5 проценти од децата учат онлајн. Станува збор за ученици кои се во изолација поради контакт со заразено лице, позитивни се на вирусот, имаат други здравствени проблеми или нивните родители одлучиле дека овој начин на следење настава е најдобро решение за нивото дете, а училиштето им одобрило.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
