Училишен час на „#ПетокЗаМлади @ФИТР“ за промоција на изум за интерактивна табла
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) како дел од предвидените активности за поддршка на креативното и критичкото размислување кај младите – „#Петок за млади @ФИТР“ денеска е домаќин на Димитрија Ангелков, професор од средното стручно училиште „Киро Спанџов“ од Кавадарци, иноватор и основач на „Интерактивна Иднина“.
Тој пред деветтоодделенците од основното училиште „Петар Поп Арсов“ и средношколците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ ќе го претстави сопствениот изум – интерактивна работна табла, проект што беше поддржан од Фондот во рамки на четвртиот јавен повик за старт ап компании кој ФИТР го спроведе во соработка со Светска банка.
Интерактивната табла е посебно осмислен уред со специфичен софтвер кој овозможува интерактивна работа за време на наставата. Употребата на овој уред овозможува учениците и професорите да бидат подеднакво активно вклучени во изучувањето на самата материја. Предноста на овој изум се состои во палетата можности што софтверот ги нуди, од интерактивни игри со педагошка цел до директно интервенирање на самата табла, моментално печатење на сработеното и слично.
По работилницата, која ќе претставува еден вид симулација на училишен час, учениците, преку заемна интеракција ќе треба да одговорат и изнајдат решение на зададена задача.
Целта на иницијативата „#Петок за млади @ФИТР“ е да се поттикне размената на практични искуства меѓу учениците во насока на изнаоѓање иновативни решенија и креирање сопствени проекти надвор од училишните рамки преку интеракција и активно учење.
На настанот ќе се обрати директорот на ФИТР Јован Деспотовски.
Ново на Сител
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи