-->
-->
Учество на претседателот Иванов на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул
-->

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Турција, каде ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит што се одржува во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.
Во рамки на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува по прв пат, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе има свое обраќање на пленарната сесија на тема „Политичкото лидерство во превенирање и решавање конфликти“ и ќе учествува на лидерскиот сегмент, заедно со останатите шефови на држави и влади.
На Светскиот хуманитарен самит е најавено учество на околу 5.000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од педесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и претставници од граѓанскиот сектор.
Учесниците на Самитот ќе се заложат за преземање иницијативи и акции во насока на поддршка на „Агендата на хуманост“, а со цел да се овозможи полесно справување и надминување на кризните состојби во светот.
На Специјалната сесија посветена на жените и децата во регионите зафатени со криза, во рамки на Светскиот хуманитарен самит, ќе учествува и сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати