Ученик нокаутираше професор на прослава на матурска вечер
На матурска забава на едно училиште во Копривница ученик со рака го удри професорот, а хрватскиот портал„ еПодравина“ објави и видео од ударот.
После неколку часа славење и веселба, во средата околу 3 часот наутро на прославата била повикана брза помош. Имено, еден од професорите во училиштето бил удрен, а ударот му го задал еден од учениците, јавува „еПодравина“.
-Професорот се напил и почнал да ја соблекува маицата. Неколку пати паднал пред тоа поради алкохолот. Учениците тоа почнале да го снимаат, а него тоа го разлутило и бутна еден ученик, но тој дури не ни падна, малку само се заклати. Потоа ученикот одлучи да му врати па го удрил со шака. Тоа се случи внатре, а потоа учениците меѓу себе надвор се истепаа, додека повредениот професор крвав седеше на клупа и чекаше полиција, вели еден од сведоците.
Викната била брза помош и полиција, а порталот „еПодравина“ дознава дека наставникот имал и поголема количина алкохол во крвта.
Од полицијата пак информираат дека се уште трае криминалистичкото истражување врзано за овој случај.
Како што неофицијално објавуваат медиумите во Хрватска, 50 годишниот професор е во болница. Иако тежината на повредите не е позната, се претпоставува дека се работи за потешки повреди.
Ново на Сител
-
Уапсено лице од тетовско, возело со 190 км на час на место каде што е дозволено 80
-
Путин: Киев мора да ги признае резултатите од референдумот или конфликтот ќе продолжи
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид