Учениците од СУГС „Лазар Танев“ меѓу најдобрите во Европа
Голем успех на учениците од средното угостителско-туристичко училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ на два натпревари одржани изминатата недела во Болоња, каде освоија 4. место на натпреварот за бармени од вкупно 78 натпреварувачи од 17 земји од Европа и 5. место на ено-гастрономскиот натпревар од вкупно 42 штандови од Италија и 16 други земји од Европа.
Ученикот Христијан Николовски на натпреварот за бармени во Болоња во најсилна конкуренција до 19 години со својот коктел освои 4. место.
Жирито на ено-гастрономскиот натпревар, како што се наведува во соопштението на Град Скопје, го рангира на високото 5. место штандот на СУГС „Лазар Танев", а македонската традиција, култура и ено-гастрономија беше претставена пред повеќе од 30.000 посетители во Болоња.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста