Ученици од „Стефан Гајдов“ освоија први места на меѓународeн натпревар во Србија

Ученици од Основното општинско музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес викендов во Аранѓеловац, Србија, на меѓународен натпревар на музички училишта освоија осум први места во пијано и едно прво место за виолина.
Професорот по пијано Илија Настовски за МИА изјави дека тие во силна конкуренција на млади пијанисти од Русија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија ги освоиле сите први осум места и едно прво место по виолина.
- Учениците од ова музичко училиште секоја година учествуваа и се добитници на повеќе високи домашни и меѓународни награди и признанија. Тоа е потврда на огромната посветеност на музицирањето од страна на учениците и на нивните професори кои секојдневно работат со нив, рече Настовски.
До крајот на учебната година учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ ќе учествуваат на уште неколку меѓународни натпревари во Србија и Македонија.
Инаку, ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес е прво музичко училиште во Македонија отворено по ослободувањето, во учебната 1945/1946 година и годинава одбележува 70 години постоење. Од неговите клупи произлегле многу музички педагози и врвни музичари кои работеле и работат во Македонија и во странство.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
