Ученици од Кочани утре ќе примат награда за поетски творби во Трст
Шестмина ученици од 7-1 одделение од ОУ„Никола Карев“ од Кочани заедно со својот ментор Љупка Стојменова, наставник по македонски јазик како наградени на меѓународниот конкурс за поетски творби под наслов „Замокот на Дуино“ заминаа за Трст, Италија, каде утре треба да ја примат наградата.
- На меѓународниот конкурс учествуваа шест ученици од 7-1 одделение од нашето училиште кои изработија книга со стихови на тема: „Гестот и генезата-природата како слика“. Стиховите се авторско дело на овие шест ученици кои се презентирани на македонски и италијански јазик, изјави наставничката Стоименова под чие менторство е работена книгата со стихови.
На овој меѓународен конкурс на фоднацијата „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија учествувале повеќе земји од светот, а од Македонија се наградени училиштето „Никола Карев“ од Кочани и „Васил Главинов“ од Велес.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново