Македонија
12. December 2022 - 16:37

Учебници нема, никој не чувствува одговорност

Три недели до крајот на полугодието, основниот наставен материјал останува привилегија.

Дел од учебниците за основците од прво до петто одделение се уште патуваат до училиштата, а Министертвото за образование уверува дека вториот дел од учебната година ќе почне со комплетиран процес.

“230 илјади учебници се доставени на учениците. Остануваат уште 90 илјади за достава. Гледам дека се направени максимални напори, сите максимално работат и максимално сум благодарен до сите кои придонесоа оваа учебна година да има и подготвителни материјали и учебници”

Министерот за образование не чувствува одговорност за фијаското со учебниците.

Одби да ја лоцира и кај претходното раководство во Министерството, потенцирајќи дека вината треба да се бара во сите образовни тела кои се одговорни за процесот, но и во промената на концептот за образование оваа година.

“Да, ќе почуствував одговорност ако тоа што го имам предвидено за наредната учебна година, сите постапки ќе зависеа од мене”

Учебната година почна со т.н подготвителни материјали, предвидени да послужат за првото тромесечие, а во меѓувреме беа пробиени неколку рокови за комплетирањето на доставата на учебниците.

Според се уште важечкиот договор склучен во јули со МОН, за откуп и дистрибуција на учебниците е задолжена фирмата Арс Ламина, кои имаа рок до 30 август за испорака на наставните материјали.