Учебната година во Гостивар започна без проблеми

На првиот ден од новата учебна година во гостиварската општина во училишните клупи седнаа близу десет илјади ученици. Годинава во прво одделение се запишаа 613 дечиња, а во четирите средни училишта во прва година 680.
Од локалната самоуправа потврдија дека немало потешкотии околу стартот на учебната година и покрај реакциите на неколку директори за проблеми околу долгови и вработувања на нови наставници. Сите објекти имаат редовно снабдување со електрична енергија. Две образовни институции, гимназијата и ОУ „Исмаил Ќемали“ учебната година ја започнаа со блокирани жиро сметки поради долгови.
Бројките на запишани ученици се очекува да се зголемат деновиве, бидејќи во две средни училишта има уште еден дополнителен рок.
Според проценките од општинскиот Сектор за образование годинава настава на три наставни јазици: македонски, албански и турски на училиште тргнаа 6.600 основци и 3.050 средношколци.
На подрачјето на општина Гостивар има четири средни училишта, 11 централни основни училишта и 20 подрачни.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
