Убиството на Панче нема никаква поврзаност со убиството на Вања, кажа Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција информираше дека девојчето Вања Ѓорчевска е киднапирана пред влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување.
- Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист, посочи Спасовски на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него е извршен распит и ќе се преземат мерки по насока на Јавното обвинителство.
Убиството на 74-годишниот жител од Велес, како што посочи Спасовски, нема никаква врска со убиството на девојчето, но имал нерасчитени односи со еден од осомничените. Неговото возило „цитроен“ е искористено за извршување на киндапирањето на девојчето.
- Со тоа возило е одземена малолентичката и тоа во влезот од зградата каде живееле отако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзинот излегување, рече Спасовски.
Министерот изрази сочуство до семејствата на убиените и најави дека лицето кое е во бегство, а го има извршено убиството на Вања, ќе биде изведено пред лицето на правдата.
Првосомничениот според објавите на медиумите е Љупчо Палчевски - Палчо, а денеска на прес-конференцијата Спасовски рече дека тој заедно со неговиот адвокат со возило пребегнале во Белград. По него се трага, а скопскиот обвинител Гаврил Бубевски нагласи дека против него ќе биде издадена меѓународна потерница.
Ново на Сител
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози