Македонија
28. јуни 2016 - 16:25

Убиство во Гостивар: 24- годишно момче убиено во кавга за сообраќаен прекршок

Банална расправија за однесување во сообраќајот е најверојатно причината за ноќешното убиство во Гостивар, на улицата Седек Костовски околу 22 часот. 

Во тоа време сега веќе убиениот 26 годишник од градот со иницијали А.А и 47 годишникот од селото Чајле започнале расправија која завршила со употреба на огнено оружје пиштол од страна на повозрасниот.

26 годишникот добил рана во долниот дел од стомакот, по што бил однесен во гостиварската болница, па оттаму на клиниките во Скопје. Сепак лекарската помош не била доволна и тој по извесно време им подлегнал на повредите.

47 годишниот осомничен извесен период по убиството самиот дошол во полициската станица во Гостивар и се пријавил дека употребил оружје и пукал во 26 годишникот.

Веднаш по настанот полицијата и обвинителството започнаа увид по што ќе продолжи истражувањето за точните мотиви и начинот на кој се извршило убиството.