Живот
25. May 2016 - 9:53

Убиство на фудбалски терен: Противникот му зададе смртоносен удар

Фудбалер на аргентинскиот нискорангиран клуб Сан Хорхе Де Виља Елиса, Михаел Фавре (24) почина во болница од последиците на ударот во глава во текот на мечот со Дефенсоред Де Колон.

Моментот кој несреќниот Фавре го плати со живот се случи кога доби удар со колено во чело, додека се најде на земја по дуелот со противничкиот играч. Успеа да се крене и да му изреагира на ривалот за невнимателоста, па делуваше како ништо страшно дека нема да се случи, но во следниот момент му притрча уште едне играч од Дефенсоред и го удри Фавре, кој падна на трева и за жал не се подигна.

Итната помош стигна брзо на стадионот и од однесе во болница, од каде набрзо стигна тажната вест дека починал.