Македонија
3. February 2017 - 14:48

Убиство ја потресе Македонија: Продавачка уби муштерија

Убиство денеска ја потресе Македонија. Полицијата информира дека 33-годишната М.П. утринава во 9 часот во прилепското село Светомитрани со ловечка пушка во глава го застрелала познаникот и соселанецот, 43-годишниот Н.Д. кој влегол во селската продавница.

Несреќниот маж починал во продавницата на лице место.

Полицијата извести дека ја уапсиле продавачката, а засега не се познати повеќе детали.