Loading Video...
Свет
7. јуни 2021 - 19:34

Убиени 97 политичари и отсечена човечка глава на избирачко место во Мексико

Убиени 97 политичари и отсечена човечка глава на избирачко место. Вака изгледаше и заврши најкрвавата изборна кампања во поновата историја на Мексико.

Во текот на кампањата се регистрирани речиси илјада напади, а во еден од инцидентите, на едно од гласачките места петмина вработени се убиени во пукање.

Аналитичарите велат дека повеќето изборни насилства обично се случуваат на локално ниво, каде што бандите сакаат да влијаат на изборите со надеж дека ќе обезбедат поголема контрола врз трговијата со дрога и другите криминални активности.