Убиена жена во центарот на Лондон, петмина други се ранети

Една жена е убиена синоќа, а петмина други се ранети во напад со нож на плоштадот „Расел сквер" во центарот на Лондон, пренесува ДПА.
Полицијата веднаш била повикана на местото на настанот, по дојавата дека еден маж вооружен со студено оружје напаѓа случајни минувачи на плоштадот околу 22:30 часот по средноевропско време. Напаѓачот е уапсен, откако бил совладан со пиштол за електро-шок шест минути по повикот. На плоштадот потоа се констатирани шест повредени лица. Кога пристигнала медицинската екипа, жената се уште била жива, но кратко потоа им подлегнала на повредите, и покрај укажаната лекарска помош.
Засега нема подробни информации за состојбата на другите ранети.
- Едно од можните објасненија, коишто се разгледуваат во оваа фаза, е - тероризам, изјави портпаролот на лондонската полиција.
Веднаш по инцидентот, полицијата испрати дополнителни единици за обезбедување на целиот тој кварт Блумсбери. Местото е центар на образовниот, интелектуален и културен живот во Лондон. Тука се наоѓаат и Британскиот музеј, главниот комплекс згради на Лондонскиот универзитет и редица други образовни институции, музеи, хотели и ресторани.
ДПА додава дека синоќешниот напад се случува истиот ден кога Лондонската полиција го зголеми бројот на чувари на редот во британскиот главен град за 600 специјалци, поради се почестите предупредувања за терористички напади.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
