Убиен тинејџер на фестивал во Вашингтон
Неколку лица и еден полицаец од Метрополитен полицијата се повредени во престрелка во Вашингтон, во која загина 15-годишен тинејџер.
Инцидентот се случи денеска во близина на местото на оддржување на концертот „Џунтент“(Juneteenth), на фестивалот Моачела, пишува „First Post“.
Шерифот Роберт Џеј Конти изјави дека пукањето се случило околу 18 часот.
-Во близина на местото на фестивалот имаше камион со луѓе кои пуштаа музика. Луѓето почнаа да се собираат и за време на собирот дојде до тепачка меѓу неколку лица. По неколку минути дошло до пукање и не бевме сигурни што се случило бидејќи луѓето во тој момент се разбегаа, рече шерифот.
Кај едно лице било пронајдено оружје, а набргу потоа бил пријавен уште еден инцидент во кој биле застрелани неколку лица, меѓу кои и еден полицаец. Полицијата извести дека 15-годишната жртва на престрелката починала и дека на местото на настанот било пронајдено огнено оружје.
Двајца возрасни и еден полицаец се однесени во болница.
Ново на Сител
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан кога се враќале од свадба
-
Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
-
Воздушна тревога низ Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев
-
Состојба на патиштата
-
Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови