Балкан
18. July 2024 - 8:51

Убиен полицаец во Србија

Во Лозница, Србија е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а полицаецот Вјекослав Илиќ на 50-годишна возраст, е ранет во рамото.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ ја потврди информацијата.

Според српските медиуми, неофицијално сторителот е Хајзири Артан (33). Кога бил запрен од граничната полиција и побарале да ја покаже ташната започнал дда пука.

„Во таксито имало странски државјани, најверојатно од албанска националност, кои отвориле оган врз сообраќајната полиција. Во престрелката загинал еден полицаец, а друг се здобил со тешки повреди, но е стабилен“, пренесува агенцијата РИНА.

На местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили и хеликоптери, информираат локалните медиуми.