Убиен „мозокот“ на терористичките напади во Париз
Абделхамид Абауд, човекот за кој се верува дека стои зад терористичките напади во париз, во кои загинаа најмалку 129 лица, убиен е во денешната операција во Сен Дени, Јави Вашингтон Пост.
Според весникот, два високи разузнавачки офицери потврдиле дека познатиот милитант од Исламска држава е убиен за време на операцијата во париското предградие.
Две лица, за кои се верува дека се Абделхамид Абауд и Салах Абдеслам, загинале во станот во кој се криеле терористите откако жена-самоубиец го активираше експлозивот на нејзиниот појас.
- Во урнатините од станот во Сан Дени, каде француските сили денеска спроведоа антитерористичка операција, најверојатно се наоѓа тело на осомничен терорист, пренесе ТАСС, повикувајќи се на изјава на портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.
Во акцијата што следуваше уапсени се пет лица, меѓу кои и една жена, а повредени се петмина полицајци.
Абауд е роден во Белгија и израснал во бриселската населба Моленбек, која се смета за легло на радикални исламисти.
Ново на Сител
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации