Убиен млад фудбалер во Сплит, уапсени две лица

Во Сплит доцна во ноќта меѓу петокот и саботата, околу еден часот, со нож бил избоден младиот фудбалер А.Р. (22). Уапсени се две лица.
Вечерва, еден час по полноќ во Сплит, на улицата Мажураниќево шеталиште, 22-годишник бил нападнат од маж кој го прободел во пределот на градниот кош. Повредениот 22-годишен маж со возило на Брза помош бил пренесен во болница, каде од здобиените тешки повреди синоќа починал, извести сплитската полиција, јавува Н1 Загреб.
Јосип Крниќ, раководител на Унифициран ургентен болнички прием на КБЦ, изјави дека 22-годишен маж со тешка убодна рана во пределот на десниот граден кош е донесен на итната медицинска помош без витални знаци. Веднаш почнале со реанимација, по 45 минути го прогласиле исходот фатален.
Портпаролот на ПУ на Сплит-Далмација Жељка Радошевиќ изјави дека истрагата ја водел дежурниот заменик на Жупаниското државно обвинителство во Сплит и дека полицијата ќе даде повеќе информации за настанот по завршување на истрагата.
Во службените простории се донесени повеќе лица, од кои две се уапсени во врска со убиството, а за нив во моментов се утврдува степенот на кривична одговорност.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
-

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на премините за влез и излез од државата
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
