-->
-->
Убиен лидерот на огранокот на ИД во Авганистан и Пакистан
-->
Лидерот на огранокот на екстремистичката група Исламска држава во Авганистан и Пакистан, Хафез Саид Хан е убиен во американски воздушен напад, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.
Авганистанскиот амбасадор во Пакистан вчера, исто така, потврди дека Хан, заедно со своите команданти и војници, биле убиени од американско беспилотно летало во авганистанската област Кот, во провинцијата Нангархар.
Портпарол на воената коалиција, која е предводена од САД во Кабул, не можел да ги потврди извештаите, но истакнал дека се спроведува истрага.
Смртта на Хафез Саид Хан е тежок удар за џихадистичката група, која се обидува засекогаш да се „закотви“ во Пакистан и Авганистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер