Свет
14. July 2016 - 8:54

Убиен лидерот на ИД во Ирак

Еден од лидерите на Исламска држава Омар ал Шишани е убиен во Ирак, објави вчера агенцијата Амак, која е поврзана со џихадистите, јави Танјуг.

Пентагон во март соопшти дека се верува оти Шишани, познат како Омар Чечен починал од повредни здобиени во еден воздушен напад врз неговиот конвој во североисточна Сирија, што не е во согласност со верзијата која вчера ја објави Амак.

Воениот извор на Амак изјави дека Шишани е убиен во градот Шарклат, додека учествувал во борбите бранејќи го Мосул, последен град во Ирак, кој е под контрола на ИД.