Loading Video...
Свет
16. August 2023 - 16:27

Убиен еден од најголемите бугарски бизнисмени, Алексеј Петров

Еден од најголемите бугарски бизнисмени, Алексеј Петров, е убиен во населбата „Драгалевци“ во главниот град во близина на жичницата на планината Витоша.

Транзициониот тајкун бил застрелан со пушка додека со пријателката шетал на локацијата.  

Петров бил советник за безбедност во повеке владини кабинети, а бил близок соработник и со Борисов  со кого се познавале преку карате федерацијата во која двајцата биле членови.

Бил вмешан во бројни политички и корупциски скандали, а вр него имало неколку обиди за атентат. Медиумите го поврзуваат и со криминалното подземје.