Убиецот од Младеновац приведен во полициска станица | ВИДЕО
Убиецот Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац, недалеку од Белград, уби осум лица, а рани 14, силни полициски сили го донесоа во полициската станица во Смедерево.
Специјалците вооружени го донесоа во бел комбинезон, со лисици на грбот, држејќи му ја главата надолу. Имаше само чорапи на нозете. Неговата облека е испратена на вештачење.
Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, па доцна попладнето пристигнал во полициска станица.
Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата.
Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој бил уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие. При бегството тој упаднал во автомобилот на таксист. Таксистот успеал да пријави во полиција дека го видел убиецот.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани