Убиецот на Абе се обидел да направи и бомба, тврдат истражители
Човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и кажал на полицијата дека се обидел да направи бомба, објавија јапонски медиуми повикувајќи се на истражни извори.
Тецуја Јамагами (41), кој го застрела Абе со рачно изработен пиштол од непосредна близина за време на говор за предизборната кампања, и рекол на полицијата дека направил и повеќе оружја.
Полицијата го пребарала неговиот дом во западниот град Нара, конфискувајќи пиштоли слични на оној пронајден на местото на настанот откако Абе беше застрелан во петокот.
Обвинетиот по апсењето рекол дека дејствувал од омраза кон религиозна група која го поддржува Абе, се вели во извештаите. Според него, неговата мајка донирала големи суми на верска организација, која ја уништила.
Ниту полицијата, ниту јапонските државни медиуми се уште не ја именуваат групата. Меѓутоа, онлајн магазинот „Gendai Business“ сега тврди дека од неименувани извори дека станува збор за контроверзната Црква за обединување на покојниот јужнокорејски верски и деловен водач Сан Мјунг Мун.
Исто така позната како Секта на Месечината, Црквата на обединување има членови во многу земји, вклучително и Јапонија, и е основана од Мун во 1954 година. Институцијата привлече критики за аспирациите за светска доминација и систематското организирање на нејзините масовни свадби.
Ново на Сител
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча