-->
-->
Убедлива победа на Вардар над Работнички
-->

Со натпреварот одигран попладнево меѓу Вардар – Работнички во кој убедлива победа остварија црвено-црните отворено беше 7.коло во плејофот на ракометниот шампионат на Македонија.
На средбата одиграна во СЦ „Јане Сандански’’ актуелниот шампион Вардар забележа убедлива победа со 18 гола разлика во дуелот против последно пласираниот Работнички.
Работнички беше рамноправен само во воведните 10-минути, по што следуваше серија на Вардар од 6:0 за водство од 11:4. До крајот на полувремето црвено-црните веќе имаа убедливи десет голови предност 22:12.
Во ист ритам актуелниот шампион продолжи и во вториот дел, а од минута во минута се зголемуваше и разликата која на крајот изнесуваше 18 голови, за со конечни 39:21 Вардар да ја оствари и седмата победа во исто толку одиграни натпревари.
Останатите два натпревари од ова коло ќе се играат утре (сабота), а двојките се, Охрид – Металург и Прилеп - Макс Струмица.
Табела – плејоф: Вардар 21 бодови (7 натпревари), Металург 15 (6), Макс Струмица 12 (6) Прилеп 6 (6) Охрид 3 (6) и Работнички 0 (7)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
